Традиционалниот Македонски Фестивал за Храна по петти пат!
И оваа година како и предходните 4 години, во недела на 20 Ноември во South Morang ке се одржи, сега веќе традиционалниот, Македонски Фестивал за Храна (Macedonian Food Festival). Ве покануваме сите кои што сакате да ги вкусите македонската храна и пијалок, да се запознаете со македонската историја, традиција, културно наследство, да дојдете и да го посетите фестивалот.
Оние кои имаат да покажат нешто повеќе токму околу нашето културно историско наследство имаат бесплатен штанд на кој тоа ке можат да го презентираат, како подарок од Sheldon Reception од Sunshine. Доколку имате македонска национала носија, литература, фотографии, постери, сувенири или експонати, слободно јавете се во Sheldon Reception на 9364 8222 и ќе добиете бесплатен штанд.
На фестивалот ке има гости од јавниот и политичкиот живот на Victoria. Ќе присуствува конзулката Бети Коруновска, како и амбасадорот Веле Трпевски.
Минатата година имаше 20 000 посетители, оваа година се надевме на уште поголема посетеност. Дојдете и уживајте, да го прославиме уште еднаш и тука во Австралија нашиот идентитет, нашата посебност како народ, нација, држава со сопствена историја, култура, традиција и фолклор.
Leave a comment
Please note, comments must be approved before they are published