International Women's Day 2022


Меѓународниот ден на жената 8 ми март, по традиција, се одбележува во македонската заедница во Австралија. Централната свеченост во организација на МАСО и Г-ѓа Лидија Нешковски и годинава се одржа во преполната сала на Шелдон Ресепшион во Мелбурн.

Специјални гостин на свеченоста беше Г-ѓа Натали Сулејман пратеник во Викторискиот парламент од Сент Албанс.

Борбата за родова еднаквост, и НЕ на семејното насилство врз жените беше мотото на овогодинешната прослава на 8ми Март во Шелдон. 
Традиционално и годинава беа доделени признанија на жените кои биле истакнати во нивните залагања и нивната помош во македонската заедница. Признанија оваа година добија: Зорка Ацевска и Елизабет Цагорски.

Гостите ги забавуваше оркестарот Медена со Панде Здравков Чалгаџијата.
Водител на програмата беше Калина Димовска.
Свеченоста во Шелдон со сигурност беше најголема во Викторија, ако не и во цела Австралија на која што, жената и нејзината борба за родова рамноправност имаше и годинава централно место.
Мкедонките и овојпат покажаа дека се понежниот пол, но посилни и поуспешни во остварување на своите цели и идеали.

Сликар Златко Варенина


Leave a comment

Please note, comments must be approved before they are published