(видео) НАШИТЕ НИЗ СВЕТОТ: Со Сонцето од Кутлеш на чело изиграно најдолгото македонско оро во Австралија

Македонците во Австралија денеска во Футскрај по 8-ми пат учествуваа на Македонскиот Фествал за храна во организација на Македонско-Австралиска организација.

За отворањето на фестивалот беше најавено дека ќе се изведе најдолгото македонско оро и тоа се случи денеска на оваа манифестација во Австралија, објави порталот Фаланга.

Благодарение на заложбата на организаторот на оваа манифестација, претседателката на Македонско-Австралиска организација на заедницата, Лидија Нешковска, и со помош на присутните играорци и сите присутни Македонци кои сложно се фатија на оро и заиграа се реализираше уште една успешена промоција на Македонија во светот преку најдолгото македонско оро во Австралија.

Играорците кои допатуваа од сите страни од Мелбурн и од Сиднеј сплотени, фатени за рака еден до еден започнаа да го играат најдолгото македонско оро, а ним им се придружија голем дел од посетителите.
Интересен е фактот, пишува порталот, што забележавме и поединци од други националности кои што со задоволство беа дел од оваа идеја на Лидија Нешковски.

На чело на орото се вееше старото македонско знаме со Сонцето од Кутлеш.


Source: www.denesen.mk