Македонскиот фестивал на храната понуди богата програма
Во организација на Македонско Австралиската организација на заедницата (MACO), минатава недела во паркот во Footscray се одржа традиционалниот осми по ред Македонски Фестивал на храната. На посетителите од многу култури им беа понудени традиционални македонски тестенини, колачи и скара, како и музика, песни и ора. Иако утрото изгледаше малку наоблачено, дека ќе биде денот врнежлив, се до крајот на официјалниот дел на приредбата издржа времето без да заврне.
Source: www.intvaustralia.com